Дескоска: Не сме оптоварени дали новиот специјален обвинител ќе биде Катица, Фатиме или Ленче

by fokus

Министерката Рената Тренеска Дескоска во интервју за „Фактор“ вели дека го очекуваат предлогот за СЈО од ВМРО-ДПМНЕ, додавајќи дека нема да прифатат скриена амнестија. Таа вели и дека досега не се разговарало за тоа кој ќе биде нов специјален јавен обвинител, бидејќи за тоа решава Советот на јавните обвинители.

-Сакам да потенцирам дека во досегашните разговор воопшто не била спомената Катица Јанева, не сме разговарале кој ќе биде нов специјален јавен обвинител. Не сме оптеретени дали ќе биде Катица, дали ќе биде Фатиме, дали ќе биде Ленче или ќе биде некој трет. Немаме ниту право да бираме, бидејќи според нашиот предлог специјалниот јавен обвинител го бира Советот на јавните обвинители. Ќе видиме кој ќе конкурира, и кого ќе изберат, вели министерката Дексоска.

Таа појаснува и кај се сопнале во преговорите за СЈО.

-Очигледно е дека ова е едено од најтешките, ако не и најтешкото прашања во моментот во ресорот правда, од аспект на законодавна агенда. Ние бевме свесни од самиот почеток дека тоа ќе биде каменот на сопнување, имајќи ги во предвид личните интереси на оние кои што треба да го поддржат овој закон. Уште на почетокот на годината ние како Влада изготвивме предлог закон кој го испративме во Собранието. Тој се уште не е дистрибуиран до пратениците, во очекување да изградиме двотретинско мнозинство. Имавме сеирија на средби со пратениците од ВМРО-ДПМНЕ и со останатите политички партии со цел да изградиме консензус. Она што сакаме да го испратиме како порака е дека овој закон треба да се донесе со широк консензус, имајќи во предвид дека Законот за СЈО беше гласан од четирите најголеми политички партии во Собранието. Пожелно е и сега да се изгласа со широка поддршка од опозицијата и од тие причини тргнавме во дијалог.

Дел од амандманите прифативме, но има еден дел од анадманите кои не можеме да ги прифатиме, а тие претежно се однесуваат на статусот и работењето на СЈО.

Ние како мистрество сме спремни дури и да разговараме по нивниот текст. Не патиме од суета дека Законот изготвен од работните групи во министерството треба да биде изгласан. Доколку ВМРО-ДПМНЕ понуди поквалитетен закон, за кој ќе можеме да обезбедиме консензус, но без спорни прашања кои се појавија во досегашната дебата, ние сме спремни да го поддржиме.

Се што ќе значи квалитет ќе прифатиме, но се што ќе значи обид во некои одредби да се скријат намери да добијат амнестија за одредени кривични дела тоа нема да може да биде ставено како дел од законот. Главниот проблем кој што се јави беше дека СЈО не треба да биде посебен орган, да нема одредени гаранции за нивно самостојно постапување, а најголемиот камен кој беше на сопнување беше членот 105 кој се однесуваше на истрагите и обвиненијата кои што во моментот се водат во СЈО. Имаа барање сите истраги и обвиненија кои започнале под 18 месеци да запрат, сите докази да бидат уништени и практично тоа значи амнестија, и таков тип на решение не можеме да прифатиме, вели министерката.

 

Поврзани новости