Министерката за образование и наука Рената Дескоска најавува промени во образовниот процес, со фокус на ревизија на учебниците, наставниот план, програмите и соодветноста на изборот на лектирите.
-Сметаме дека треба да има нов наставен план соодветен на учениците од таа возраст, понатаму да се воведат методи кои ќе значат креативно изучување на прашањата и начин кој ќе ги заинтересира децата да ја следат наставата и да учествуваат во неа, а потоа и соодветни материјали кои ќе бидат користени. Во процесот на промени ќе бидат вклучени и наставниците со кои ќе се прават консултации и тоа преку апликација која веќе е подготвена. До половината на месецов, наставниците ќе треба да дадат мислење за одредени учебници и да укажат на проблемите – истакна Дескоска.