СДСМ: Владата ги направи јавни репрезентациите и службените патувања, на кои претходно ДПМНЕ трошеа илјадници евра

by Fokus

СДСМ, преку Владата што ја предводи и преку парламентарното мнозинство ги остварува ветувањата дадени пред граѓаните и ги отвори институциите, кои наместо како досега да работат во интерес на Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ, денес работат во служба на граѓаните, велат од СДСМ.

„Како што претходно беше ветено, со Одлука на Владата предводена од СДСМ од први септември клучните институции работат двосменско. Тоа значи дека оние инсититуции кои им се најпотребни на граѓаните како што се Управата за јавни приходи, Царинската управа, градинките, Управата за водење матични книги и службите за издавање лични карти и пасоши во МВР сега работат до 21.30 часот и им се подостапни на граѓаните. Дополнително, во одредени министерства, како на пример во Министерството за труд и социјална политика, воведен е „Отворен ден со граѓаните”, секој петок од 9 часот до 13 часот. Декласифицирани се информациите кои се однесуваат на службени патувања, репрезентации и доделување на државна помош за странските компании, а со одлука на Владата, достапни и бесплатни се информациите од Централниот регистар и од Катастарот за новинарите кои работат истражувачко новинарство“, се наведува во соопштението.

Поврзани новости