Дескоска: Македонија е на пат да стане пералница на пари

by Фокус

Венецијанската комисијата предупреди дека Македонија е на пат да стане пералница на пари, дека како што вели и експертската јавност, оваа зона ќе стане „држава во држава“, изјави денеска Рената Дескоска претседателката на Комисијата за правда при СДСМ.

– Овој уставен амандман го загрозува единството на државата и ги лишува граѓаните на Република Македонија од суверенитетот над дел од нејзината територија. Венецијанската комисија укажува дека нема потреба од ваков уставен амандман што не е во согласност со европското уставно наследство. Ние сметаме дека токму овој амандман е мотивот на власта за уставните измени – додаде Дескоска.

Според неа Македонија е ставена пред јасен избор: или ќе продолжи на патот да стане пералница на пари или ќе се врати на европските вредности.

– Би биле искрено изненадени доколку Владата ги одбере европските вредности – вели Дескоска.

Поврзани новости