Десетти случај на заразен од туларемија е регистриран денеска, информираа од министерството за здравство. Од таму додаваат,дека заболените се од скопско, од селото Каратманово во општина Лозово и од светиниколско.
Министерството за здравство ја следи состојбата и во тек е седница на Комисијата за заразни болести, на која се разгледува кои мерки се преземени и кои треба да се преземат во наредниот период.
Министерот за здравство Никола Тодоров истакна дека, голем дел од мерките се надлежност на Агенцијата за храна и ветеринарство, чии претставници присуствуваат на седницата, за да информираат кои мерки ги преземаат за спречување на ширење на заболувањето.
Според него, од вкупниот број заболени, на скопската Клиника за инфективни болести се лекувале седум, од кои три се лекувани болнички, а четири амбулантски. Од трите лица лекувани болнички, две се успешно излекувани и пуштени дома, а едно лице се уште е хоспитализирано и наскоро ќе биде пуштено дома.
Начините на кои човекот може да се зарази со туларемија се преку директен контакт со заразени животни, при каснување од крлежи, вошки и други инсекти, при вдишување прашина контаминирана со бактерија на туларемија, како и при пиење контаминирана вода или консумирање контаминирана храна (на пример, недоволно термички обработено месо, на температура пониска од 70 Целзиусови степени). Заболувањето не се пренесува од човек на човек. Преносител на заболувањето за животните.