Дојче веле: Маѓар Телеком ќе спроведува истрага во македонски Телеком

by Фокус

По објавените прислушкувани разговори од лидерот на СДСМ, Зоран Заев, унгарскиот телеком кој е мнозински сопственик на македонскиот, ќе спроведува истрага, велат од Дојче Телеком, за Дојче веле.

Маѓар Телеком планира истрага која ќе ја спроведуваат надворешни консултанти во својата фирма-ќерка во Македонија, вели за Дојче веле, портпаролката на Дојче Телеком, Елпида Тризи. Повод за истрагата се сомнежите за улогата на македонскиот Телеком во аферата со прислушкувањето која во Македонија ја отвори лидерот на опозициската СДСМ, Зоран Заев.

Уште при објавувањето на првите „бомби“ Заев оцени дека наводното масовно прислушкување на повеќе од 20 илјади граѓани во Македонија не можело да се одвива без дозвола и знаење од мобилните оператори во Македонија. Двата најголеми оператори во Македонија, Т-Мобиле и ВИП се во сопственост на фирми ќерки на Дојче Телеком и на Телеком Аустриа.

 

 

 

Поврзани новости