Десетици деца биле сексуално злоставувани во училиштата за фудбал на Глазгов Ренџерс, Селтик, Мадервил

by fokus

Десетици деца биле сексуално злоупотребувани и силувани во последните три децении од минатиот век од страна на тренери, скаути и официјални претставници на шкотски фудбалски екипи, вклучувајќи ги училиштата за фудбал на Глазгов Ренџерс, Селтик, Мадервил, Хибернијанс и Патрик.

Ова го покажува обемниот извештај објавен денеска на 192 страници како резултат на повеќегодишна независна истрага спроведена на барање на Фудбалската федерација на Шкотска.

Истражителите посочија дека во текот на истрагата било разговарано со стотици луѓе, а од нив 33 пријавиле случаи на сексуално злоупотребување и силување.

Генералниот директор на Фудбалската федерација на Шкотска, Јан Максвел, рече дека е „длабоко потресен“ од содржината на извештајот и особено од трауматичните искуства што ги доживеале младите фудбалери.

-Сакам уште еднаш да го повторам своето искрено извинување во име на шкотскиот фудбал до сите, кои биле злоупотребувани, рече Максвел.

Авторите на извештајот, чиј прелиминарни наоди беа објавени во 2018 година, истакнаа дека шкотските фудбалски клубови мораат да испратат „недвосмислено, јасно и јавно“ извинување кон сите, кои како деца биле жртви на сексуално злоупотребување во текот на 70-те, 80-те и раните 90-ти години од минатиот век.

Поврзани новости