481
По претходно добиени оперативни сознанија, полициски службеници од Надворешната канцеларија за криминалистички работи Струга, од Единицата за недозволена трговија со дрога, од Оддел за антитероризам и од Крим техника, извршиле претрес во напуштена куќа на место викано „Кабовска маала“ во струшкото село Велешта.
Напуштената куќа била во сопственост на 76-годишен жител на Велешта со иницијали В.К.
При претресот, во куќата биле пронајдени 10 гранати за рачен фрлач и еден испукувач „РПГ“. Пронајдените експлозивни направи биле подигнати и однесени во Министерството за внатрешни работи за понатамошна постапка. Се работи на расчистување на случајот, велат од полицијата.