Заев: Вреди да се жртвува политичката кариера за достоинствено решение на спорот со Грција

by fokus 13:10
13:10

Премиерот, Зоран Заев, најавува дека следната средба со премиерот на Грција, Алексис Ципрас, ќе значи и дека е постигнато решение во спорот со името.

Во неделното интервју за МИА, Заев повторува дека е докажан оптимист. Претседателот на Владата вели дека нема да има дипломатски булдожери меѓу Македонија и Грција и дека за такво решение вреди да се жртвува и политичката кариера.

- Advertisements -

Заев најавува средба со Ципрас, и за 12 април ја потврди новата средба на Димитров и Коѕијас.

-Кога ќе ја слушнете најавата за средба Заев и Ципрас да знаете дека сме тука со достоинственото решение за државата -порачува премиерот .

Поврзани новости