Приведен велешанец кој сакал да се пресмета со персоналот во велешката болница

by fokus

Во ходникот на Хируршко одделение во Општата болница Велес, вчера утрината 22-годишниот Д.А. од Велес почнал агресивно да се однесува и да упатува закани кон медицинскиот персoнал. Како што велат од полицијата Д.А. вербално ги нападнал вработените и сакал да се пресмета со нив.

На местото на настанот дошле двајца полициски службеници, но Д.А. продолжил со агресивното однесување и ги нападнал и полициските службеници. Д.А. бил приведен во СВР Велес. Се работи на расчистување на случајот.

 

 

Поврзани новости