611
Претседателот на Државната изборна комисија, Оливер Дерковски, вечерва на Алфа рече дека ќе бидат потребни 45-50 денови за организирање на изборите на кои, според него, ќе треба да се ангажираат над 100.000 луѓе.
– ДИК мора да има оптимално 45 до 50 денови за да се завршат сите дејствија, за процесот да биде крајно легитимен, и да не се доведеме до ситуација да добиеме оценка оти не сме ги спровеле изборите како што треба. Потребни ќе бидат околу 100.000 луѓе за денот на изборите, кои треба да бидат цел ден на избирачките места за да се обезбедат услови и начин на функционирање со Протоколите кои ДИК ќе треба да ги донесе – истакна Дерковски.