Кржаловски: Ако ВМРО победи со мала разлика, ќе има проблем да состави влада

by Фокус

Александар Кржаловски, прв извршен директор на Македонскиот центар за меѓународна соработка, на „360 Степени“ изјави дека  на претстојните избори очекува тесна борба меѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ и тесен резултат како на последните избори во 2016 година.

-Многу слично на претходните избори, плус-минус еден, два, до три пратеници за едната или другата партија. Од декември не сме нарачале ново мерење на рејтинзите па немам попрецизна информација како сега стојат работите, но од тоа што следиме, тука се, во рамките на таа статистичка грешка од 3 отсто плус или минус – рече Кржаловски.

Тој смета дека доколку ВМРО-ДПМНЕ победи со мала предност, Христијан Мицкоски ќе има проблем да состави Влада како што имаше и неговиот претходник Никола Груевски.

-Очигледно очекуван е и најавен е пад на економијата, сите проекции и на владата и на меѓународните институции предвидуваат пад во следниот квартал. Претпоставувам ВМРО-ДПМНЕ калкулира со тоа – колку подоцна, толку полошо ќе биде, односно подобро за нив – вели Кржаловски.

Поврзани новости