ВИКЕНД МЕТЕО АНАЛИЗА: Продолжува Африканскиот топол бран

by Fokus

За време на овој викенд, и понатаму ќе бидеме под влијание на многу топлата воздушна маса која продира од северните предели на Африка. Времето ќе биде умерено облачно и многу топло со сончеви периоди, локално ќе има и нешто повеќе облачност, а утре попладне ќе има услови за изолирана појава на краткотраен пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец и истиот особено утре ќе засилува, особено на запад.

Максималните дневни температури ќе се искачуваат во интервалот од 28 до 35 степени денес, додека утре максимумот на температурите ќе се искачува во интервалот од 27 до 33 степени. Во Скопје максимумот на температурата се очекува да се искачи до околу 31 степен. На почетокот од следната недела во попладневните и во вечерните часови ќе има услови за изолиран развој на нестабилна облачност проследена со краткотраен пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за појава на град.

НАПОМЕНА: Поради транспортот на Сахарската прашина и песок кон нашата држава, и понатаму атмосферата ќе биде заматена, а времето мачно и спарно. Исто така, според моменталните анализи со кој располагаме, позначителен пад на максималните дневни температури се очекува од среда доцна попладне и навечер.

Подготви: Славчо Попоски

Поврзани новости