Депардје: Рускиот народ не е виновен за лудите испади на Путин

by fokus

Францускиот актер, кој доби руско државјанство пред девет години, Жерар Депардје остро ја критикуваше инвазијата на Украина од страна Русија.

-Рускиот народ не е одговорен за лудите, неприфатливи испади на нивните лидери како Владимир Путин во Украина, изјавил Депардје.

Тој ја напушти родната Франција и зеде руско државјанство во 2013 година во знак на протест против предложеното зголемување на даноците за богатите во неговата татковина.

Откако доби руско државјанство, тој често ја пофали земјата, нарекувајќи ја „голема демократија“ и го фалеше Путин. Од моментот кога започна војната во Украина, актерот го изрази своето противење на руската инвазија.

Од Кремљ му одговорија дека не разбира што се случува и не знае што се Доњецк и Луганск.

-Мислам дека Депардје не разбира што се случува, бидејќи тој не е целосно навлезен во политичките актуелни работи. Не знае што се Доњецк и Луганск, не знае за бомбардирањето на цивили. Доколку е потребно, спремни сме да му раскажеме и да му објасниме за подобро да разбере. Ако посака, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

Поврзани новости