Денеска улиците се прскаат против загадување

by Фокус

Градот Скопје преку ЈП „Комунална хигиена“ за прв пат го почнува процесот со третирање на градските сообраќајници со средството калциум магнезиум ацетат, како една од мерките за намалување на загадувањето на амбиентниот воздух. Ќе бидат опфатени  булеварот „Свети Климент Охридски“ и улиците Свети Кирил и Методиј и Јордан Мијалков, а предвидено е да се прска и на други градски сообраќајници.

-Станува збор за средство кое се користи за контрола и намалување на ситната прашина (ПМ10 и ПМ2,5 честичките) и за стабилизација на патиштата. Средството е еколошки производ, биоразградлив, не е штетен за растенијата и не е корозивен, односно нема да предизвика оштетување на возилата, уверуваат од Град Скопје.

Како што изјави градоначалникот Коце Трајановски, ова средство се користи и во Лондон, Барселона и Виена,а искуствата од европските градови каде што се користи ова средство укажувале дека со негово аплицирање потенцијалот за намалување на прашината е од 10 до 30 проценти.

 

Поврзани новости