Денеска треба да се одржи рочиште за „Поткуп“

by fokus

За денеска во Кривичниот суд е закажано ново рочиште за случајот „Поткуп“ во кој првообвинет е претседателот на СДСМ, Зоран Заев. Тој е обвинет за примање поткуп како градоначалник на Струмица.

Рочиштата за овој случај досега неколкупати беа одложувани на барање на одбраната, поради средби на Заев со дипломатски претставници и поради обврски на неговите адвокати.

Одбраната на Заев бараше изземање на обвинителот Владимир Милошевски. Тие велат дека обвинителот е соучесник во злосторничко здружување за овој случај. Јавното обвинителство за организиран криминал експресно го одби барањето, а СЈО потврди дека има отворено истрага за кривичната пријава од СДСМ против обвинителот за монтирање случај.

Поврзани новости