Почнува судењето на Владимир Панчевски за мобинг

by fokus

Во Основниот суд 2 денеска е закажан стартот на судењето на експретседателот на Основниот суд Скопје 1 Владимир Панчевски. Тој е тужен од страна на поранешниот раководител на секторот за човечки ресурси во Кривичниот суд Горан Стаменковски за мобинг.

Во тужбата стои дека Панчевски во подолг временски период го прераспоредувал Стаменковски на други работни позиции, го казнувал, а тужителот морал и да исполни норма која не постои во праксата на Судот.

Освен тужбата, Стаменковски поднел и две кривични пријави против поранешниот шеф за малтретирање во служба, а втората за повреда на рамноправност.

Поврзани новости