СДСМ ветува изградба на студентски град во Скопје

by fokus 11:51
11:51

СДСМ денеска презентираше проект: изградба на студентски град во Скопје со нови модерни архитектонски решенија за студентски домови.

-Покрај студентскиот град во Скопје, ќе изградиме и студентски кампуси во Тетово, Битола и Штип. Новите студентски домови и кампуси ќе го олеснат животот на студентите. Ќе влијаат на мотивацијата во учењето и креирањето на сопствената иднина. Да не се повтори 500-тини студенти, како оваа студена зима, од студентскиот дом Кузман Јосифовски Питу, 10 дена, на поларни температури да се без греење, без топла вода и без струја. Да живеат во мувла, да влегуваат во руинирани тоалети, да јадат во кујни полни со лебарки. Досегашната власт 10 години го газеше достоинството на младите луѓе. Затоа студентите и младите луѓе на овие избори гласаа за промени. Тие знаат дека во Планот за живот, освен модерен, светски, достоиствен студенстки живот, ќе имаат и други олеснувања. Ќе добијат студентска платежна картичка за попусти во користењето на услугите во кампусите, во меѓуградскиот превоз, при посетата на државните и националните институции, за посета на спортски и културни настани од национален карактер, се вели во соопштението на СДСМ.

- Advertisements -

Поврзани новости