516
Според договорот меѓу партиите, денеска треба да биде избран и последниот, петти член на ад хок телото за медиумите. Тој треба да биде Албанец.
Телото ќе има пет члена, а досега се избрани четворица. Цветин Чилиманов и Слаѓана Димишкова се членовите по предлог на ВМРО-ДПМНЕ, а Љубомир Костовски и Горан Трпеноски се по предлог на СДСМ.
Политичкиот договор предвидува дека Советот на Агенцијата за медиуми ќе ги почитува препораките на ад хок телото во врска со балансираноста на известувањето во електронските медиуми во рок од 100 дена до изборите.