Антонио Милошоски доби ќерка: „Ќе купувам розева гардероба“

by fokus

,,Сега ќе купувам фустанчиња и плишани мечиња во розе боја“ – вели поранешниот министер за надворешни работи и актуелен пратеник од редовите на ВМРО ДПМНЕ Антонио Милошоски, кој што вчера по втор пат стана татко и ја доби ќеркичката Дариа. Пресреќан поради приновата, тој ни кажа дека е сеуште во еуфорија, благодарен на Бога што породувањето поминало во најдобар ред, и што мајката Симона и бебето се чувствуваат добро.

,,Симона се породи во клиничката болница ,,Аџибадем Сиситина“, а Дариа е преубаво мало бебе, има 2,800 грама, сите сме пресреќни. И син ми Давид е многу радосен бидејќи стана поголем брат, веќе се прават планови за заеднички дружби со сестричката кога малку ќе потпорасне. Ми се исполни желбата да гушкам и ќерка, и им ја посакувам мојата среќа на сите,, – ни изјави во телефонски разговор Милошоски.

Тој и сопругата Симона стапија во брак пред неколку месеци, а свадбената церемонија се случи во хотел во Скопје, во присуство на блиски роднини и пријатели на младите. Инаку, Симона е архитект, а Антонио ја испочитувал нејзината желба да стои подалеку од очите на јавноста.

,,Симона не сака да се експонира во медумите, и сака да си ја зачува својата приватност. Знам дека тоа не оди така лесно кога сопругот ти е дел од политичкиот живот, но се трудам максимално да ја испочитувам нејзината желба за живот подалеку од ценатрот на вниманието“, – вели Милошоски, кој што од првиот брак го има двегодишниот син Давид.

14111824_10210697820866833_464585081_nТој отсекогаш бил доста близок со синот, кој што веќе во многу наврати го следи и на неговите планинарски походи, бидејќи Антонио е познат како голем љубител на природата и планинарењето. Кога пред пет години си поднесе оставка од функцијата министер за надворешни работи, ни изјави дека тоа го прави поради семејството, бидејќи сака да минува повеќе време со синчето.

-Среќен сум што сега повеќе време ќе бидам заедно со синчето. Ми недостигаа нашите дружби, затоа што уживам кога сме заедно. Давид е сеуште мал и не знае што значи сето ова. Не му се јасни многу работи поврзани со мојата професија, но знае дека често спомнувам како одам на аеродром. Можеби помислил дека сум пилот, аеродромски службеник… Затоа кога неодамна во градинка го прашале – Што работи татко ти? Тој им одговорил – Мислам тато лаботи на аелодлом! Сите многу се смеевме на тоа, но сега се ќе се смени и се надевам дека ќе имам доста време за семејството“ – ни раскажа Антонио тогаш.

Вики Клинчарова

Поврзани новости