623
Временската прогноза за денеска најавува дека ќе биде сончево со умерена облачност. Претпладне во западните и северните делови ќе има услови за слаб локален дожд.
Ќе дува умерен северен ветер кој долж Повардарието повремено ќе засилува.Температурата ќе биде во интервал од 15 до 21 Целзиусов степен.
Прогнозата за утре е дека ќе има позначителен пораст на дневната температура, потоа до средината од работната недела ќе има повремени врнежи од дожд, поинтензивни од вторник попладне и во среда.