Денеска се избира в.д претседател на Врховниот суд и на Кривичниот

by fokus

Судскиот совет на Република Македонија денеска на седница, закажана за 11 часот, ќе избира вршители на должност претседател на Врховниот и на Основниот суд Скопје 1, бидејќи на досегашните претседатели на овие два суда, Лидија Неделкова и Владимири Панчевски, вчера им истече мандатот.

Одлуката за определување в.д. претседател на Врховниот и на Кривичниот суд во Скопје е втора точка од дневниот ред на седницата, соопшти Судскиот совет.

Неделкова и Панчевски поднесоа кандидатури за нивен реизбор на досегашните функции, а изборот треба да биде спроведен веднаш по завршувањето на предвремените парламентарни избори, закажни за 11 декември.

Покрај Панчевски, кандидати за претседател на Кривичниот суд во Скопје се и судиите Иван Џолев и Владимир Туфегчиќ, а кандидатури за претседател на највисокиот суд во државата, освен Неделкова, поднесоа и поранешниот претседател на судот, Јово Вангеловски, судијката Снежана Бајлозова и нејзината колешка од Врховниот суд, судијката Беса Адеми.

Извор: Мета

 

Поврзани новости