413
ВМРО-ДПМНЕ денеска на вонреден Конгрес во Валандово ќе гласа за нов лидер на партијата, а единствен кандидат за таа позиција е досегашниот генерален секретар Христијан Мицкоски.
Конгресот започна вчера, а од 544 делегати, присуствуваа 411, со што исполнета е обврската од членот 18 од статутот на партијата, според кој може конгресот да работи, односно да се присутни најмалку две третини од вкупниот број делегати или најмалку 363 делегати.