Стојановски: За вработување преку ВМРО-ДПМНЕ се барале и до 10.000 евра, а од жените и сексуални услуги

by fokus 11:39
11:39

Гоце Стојановски, член на ВМРО-ДПМНЕ, синоќа во емисијата Клик-плус на ТВ 21, објави сериозни и скандалозни обвинувања за случувањата во оваа партија, во периодот кога се уште цврсто ја држеа власта во државата.

Тој, како што рече, уште во 2012 година, му кажал на Груевски дека има поплаки, но и изјави од членови на ВМРО ДПМНЕ, кои тврдат дека од разни раководни структури или од нивни извршители во институциите, им се бараат пари за вработување, па за да стане некој професионален војник се барале 2.500 евра, за некаков началник тарифата била 5.000 евра, а најскапо било местото цариник и ова вработување чинело 10.000 евра.

- Advertisements -

Стојановски му предочил на Груевски дека на членките на партијата покрај пари, одредени лица им барале и сексуални услуги. Кога ги прашувал емисарите кои доаѓале да го собираат арачот, па зошто и сексуални услуги, тие велеле дека парите се за партијата, а сексуалните услуги за лична сатисфакција и задоволство на тие што треба да ги вработат по институциите.

Стојановски тврди дека успеал да собере и значителен број изјави од тие што му се пожалиле и да се потпишат на нив, по што биле заверени со општински партиски печат. Дел од овие изјави му биле предадени на Мартин Протуѓер, а дел ги сочувал. На состанокот се вклучила и тогашната министерка Гордана Јанкуловска, која побарала ова да се пријави кај неа, во МВР. Стојановски рекол дека токму нејзини соработници се дел од оваа организирана уценувачка структура.

 

Поврзани новости