Митрополитот Наум служеше литургија во грчкиот храм „Пресвета Богородица Ослободителка“

by fokus

Митрополитот Струмички Наум вчера отслужи литургија во соборниот храм „Пресвета Богородица Ослободителка“ во грчкиот град Дидимотихо, пренесе сајтот објави Тивериопол.мк.

Митрополит Наум литургијата ја служеше заедно со надлежниот архиереј Дамаскин, митрополит на Дидимотихо, Орестијада и Суфли.

На веб страницата на Митрополијата на Дидимотихо, Орестијада и Суфли е објавено дека сослужувањето на двајцата архиереи Дамаскин и Наум „е плод на евхаристиската заедница со Охридската архиепископија (Северна Македонија) возобновена во мај 2022 година од страна на Вселенската патријаршија и ја покажува можноста Православието да ги надмине поделбите и расколите и под водство на Светиот Дух да го негува единството на помесните цркви“.

Поврзани новости