579
На парламентарните избори закажани за 5 јуни, доколку се одржат, дијаспората ќе гласа во само една изборна единица, а не во три како што беше досега на неколкуте посоледни изборни циклуси.
– Собирањето на потписи ќе се изврши пред овластените лица на дипломатско конзуларните претставништва и конзуларните канцеларии на Република Македонија во странство, секој ден, почнувајки од 25 април 2016 година до 4 мај 2016 година, во период од 8.30 до 19 часот, на пропишан образец од ДИК, кој може да се симне од веб страната www.sec.mk, стои во соопштението на Државната изборна комисија.