ОБединети за Македонија: Против политичкиот прогон

by Фокус 09:38
09:38

„Обединети за Македонија како партија која на свој грб го има почустувано реваншизмот на власта кон политичките неистомисленици со цел да ги замолчи на најсуров начин преку монтирани процеси истите ги затвора.

Претседателот на Обединeти за Македонија, господинот Љубе Бошкоски реваншизмот на власта претворен во тoртура се уште го преживува во занданите во Идризово.

- Advertisements -

Најостро го осудуваме политичкиот прогон на активисти кои се дел од протестите против кои се покренати кривични постапки, меѓу кои се наоѓаат и претставници на политички партии кои се борат против оваа недемократска диктаторска власт на која деновите до заминување на истата и се одбројани.

Веруваме дека во корумпираното и партизирано судство има некој се уште не извалкан, судија со образ кој нема да го помага политичкиот прогон од страна на власта кон неистомислениците.

Граѓаните јасно порачуваат вистинските криминалци и насилници слободно се шетаат по улиците, а оние кои се борат правдата да биде задоволена и секој кој се огрешил од законот да одговара се притвораат со цел загушување на барањето на правда и слобода ова нема да помине некој не може да го загуши доаѓањето на слободата која силно ќе светне над Македонија“, соопштуваат од Обединети за Македонија.

Поврзани новости