Зоран Караџовски избран за нов претседател на Судскиот совет

by Фокус

Едногласно, сите 12 членови на Судскиот совет, гласаа за Зоран Караџовски да стане новиот претседател на ова тело. За разлика од вчерашното гласање, кога противкандидат му беше судиката Лидија Каначковиќ, денеска тој беше единствениот кандидат за претседател.

Караџовски изјави дека ќе се залага за спроведување на започнатите реформи во судството, како и за донесување на законски проекти за унапредување на судството во Македонија.

Заменик на Караџовски во Советот ќе биде Шемседин Јусиуфи.

Караџовски доаѓа на позицијата на Бранко Ушковски чијшто мандат истече на 21-ви април.

Поврзани новости