Денеска ново задолжување на Владата

by Фокус

Денеска Владата, според објавените проспекти на Министерството за финансии, од домашните кредитори планира да позајми 42 520 325 евра. Се работи за две аукции на државни записи со рок на доспевање од 364 односно 182 денови.

По основ на доспеани обврски, утре Владата на домашните кредитори треба да им врати 41 милион евра.

Вкупниот јавен долг, со вклучен долг на јавните претпријатија, на крајот од септември изнесува 3,94 милијарди евра.

 

Поврзани новости