Работници на ОХИС на протест пред Владата

by Фокус 12:08
12:08

Вработените од Охис денеска излегоа на протест пред Владата.

Тие ги бараат заостанатите 24 плати. Велат дека пред неколку дена побарале средба со премиерот Никола Груевски но до денеска не добиле повратен одговор.

- Advertisements -

-Не ни се исплатени 24 плати, во нашата држава има пари за се само за нас нема. Побаравме средба со премиерот и ништо, сега бараме да се сретнеме со Ставрески или Пешесвски. Во моментов во фабриката се издаваат простории и се земаат пари а каде одат тие пари ние не знаеме. Во ниту еден буџет не сме планирани, ова е срамота“, вели вработен во Охис.

Револтирани се што државата како сопственик не сака да се раздолжи на околу 800 вработени на кои освен платите не им се покриени ниту придонесите.

-Пред три недели на истово место бевме собрани за истата работа да протестираме, разговаравме со советничката на премиерот и до денешен ден немаме никаков одговор од нивна страна иако ветуваа дека ќе ни одговорат. Две години откако го затворија ОХИС сме под завод, стрпливо чекаме нешто да се случи, 13 тендери поминаа, не се продаде ОХИС, мртва штама. Ние цело време стрпливо бараме спогодба, ама изгледа во оваа држава ништо не оди со добро. Ќе се пожалиме кај Народниот правобранител, па и во Стразбур ако треба, вели Петковска Тина, една од вработените во ОХИС.

Вкупниот долг кон вработените е од 4 до 5 милиони евра. Досега имаше 13 неуспешни тендери за овој државен загубар.

фото Фактор

Поврзани новости