Денеска на пладне музичарите излегуваат на протест пред Влада

by Fokus

По објавувањето на новите правила за работа на угостителските објекти и угостителите и музичарите не се задоволни од новите протоколи. Денеска на пладне музичарите излегуваат на протест пред Владата.

Поголемиот дел од естрадните уметници не се согласуваат со одлуката жива музика да смее да има само на свадби, а не и во кафулиња и други локали.

Освен тоа, Владата бара музичарот да смее да свири или да пее само ако е член на некое од здруженијата на уметници во земјава. Инаку, во однос на протоколите за работа на свадбите, музичарите сметаат дека се добри, но колку ќе се почитуваат, ќе се види на самата прослава.

Поврзани новости