Денеска конечно ќе се изберат обвинители во Организиран

by fokus

Советот на јавните обвинители на денешната седница се очекува конечно да избере петмина обвинители во Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција, бидејќи е обезбеден кворум од 10 членови.

За испразнетите пет места во трка се 10 обвинители кои конкурираа на огласот кој заврши на 1-ви декември. Меѓу нив се оние обвинители со истечен мандат, Ивана Трајчева, Марија Ѓоргева, Валентина Беслимовска, Сузана Мирческа–Кузмановска и Енѓулуше Кадриу–Леши.

Останатите петмина кандидати се обвинителите: Златко Биковски, Елизабета Јосифовска, Наташа Сарамандова, Имран Османи и Арсим Адеми, кој во јавноста стана познат откако се спогоди со Зоран Милевски Кичеец, односно даде согласнос Кичеец да лежи 6 месеци затвор за сообраќајката кај Стража, во која загина едно лице.

В.В.

Поврзани новости