Рускиот претседател, Владимир Путин во гостување на телевизија им се обрати на Русите кои не ја поддржуваат инвазијата и порача дека Русите секогаш ќе ги разликуваат вистинските патриоти од џганот и предавниците и едноставно ќе ги плукнат како комарц кој случајно им влетал во уста, пренесува Скај њус.
-Западот ќе се обиде да се потпре на таканаречената петта колона, на националните предавници, на оние што заработуваат овде, а живеат таму. Постои само една цел, за тоа веќе зборував-уништување на Русија. Уверен сум дека такво природно и нужно самопрочистување на општеството само ќе ја зајакне нашата земја, рече Путин.
Не ги осудувам оние кои имаат вила во Мајами.
-Воопшто не ги осудувам оние кои имаат вила во Мајами или на француската ривиера. Проблемот апсолутно не е во тоа, повторувам, рабптата во тоа што тие луѓе по својата природа се психички сместени таму, а не овде, не меѓу нашите луѓе, не во Русија, рече Путин.
– Тоа е тоа што тие мислат-припадност на високата елита, висока раса, додаде Путин.
Фото:ЕPA