489
Денеска и утре се прогласени за денови на жалост, по повод загинувањето на припадниците на безбедносните сили на Министерството за внатрешни работи во полициската акција за откривање и разбивање на поголема вооружена терористичка група во Куманово, одлучи Владата на вонредна седница.
Во деновите на жалост, знамето на Република Македонија ќе биде истакнато на половина копје.