Во Куманово и утринава се пука

by Фокус

Во Дива населба во Куманово и понатаму е тензично и ризично. Од утринава, според сведоштва на тамошни жители, повторно се слушаат рафали од автоматско оружје. Безбедносните сили се уште се на терен, а хелихоптери го надлетуват регионот. Влезовите се уште се блокирани и контролирани од полицијата.

Во вчерашните престрелки загинаа петмина полицајци, а повеќе од 30 се повредени, соопшти министерката за Внатрешни работи Гордана Јанкуловска. Засега се уште не се соопштуваат информации за загинати цивили, а не е позната ниту бројката на загинати и повредени од страната на терористите.

Поврзани новости