Денешната „блокада“ од ВМРО-ДПМНЕ на Скопје ќе биде од 15 часот до 16:30 часот, попладне протест во 15 градови

by Fokus

ВМРО ДПМНЕ за денеска најави нова блокада на улиците низ Скопје, но останати градови низ земјата. Според опозициската партија, денеска од 15 до 16:30 часот ќе се блокираат раскрсниците пред Владата и кај Министерството за надворешни работи (МНР), додека во 18 часот ќе се оддржат протести во 15 градови ширум државава.

– Продолжуваме заедно со народот во битка за одбрана на честа и достоинството на македонската држава и македонскиот народ. Нема да дозволиме понижување и распродажба на државните и национални интереси, и токму затоа сите заедно сплотени, во масовен број ќе испратиме порака дека Зоран Заев и СДСМ мора да заминат час побрзо бидејќи на Македонија и донесоа само порази и неуспеси, велат од партијата.
– Протест сега, за да не биде предоцна! Оставка на Заев, слобода на народот, велат од ВМРО-ДПМНЕ и ги повикува граѓаните да им се приклучат.

Поврзани новости