На Меѓународниот аеродрoм Св. Апостол Павле во Охрид денес беа пуштени две нови авиолинии кон Лондон и Манчестер. На правите летови кон овие дестинации присуствуваше министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски.
„Задоволство ми е што сум присутен на аеродромот Св. Апостол Павле во Охрид каде од денеска воспоставуваме две нови авиолинии, односно го поврзуваме Охрид со две нови дестинации во Англија и тоа до аеродромите во Лондон и Манчестер. За нас Охрид како најголем туристички центар на Северна Македонија ни е многу важен и затоа нашите политики се токму во насока на обезбедување негов забрзан развој. Убеден сум дека овие нови дестинации значително ќе придонесат за развој на целиот регион, развој на авиосообраќајот, бидејќи нови авиолинии значат зголемен број на туристи, а тоа е значаен чекор кон обезбедување економски и туристички развој. Ова е само уште една потврда на заедничките заложби на Владата и на ТАВ да ги развиваме капацитетите на двата наши аеродроми, притоа да создаваме услови за нови авиолинии и генерално да го развиеме авиосообраќајот во земјата.“ – изјави министерот Бочварски.
Тој рече годинава, како и лани забележан е позитивен тренд на раст на авиосообраќајот во земјава.и дека во првите четири месеци од годинава имаме раст на бројот на патници за 44% повеќе во споредба со лани или раст од 11% во споредба со 2019 година, кога беше најдобра година со најголем број на превезени патници.
„Конкретно за охридскиот аеродром Св. Апостол Павле имаме раст на бројот на патници од преку 30% во споредба со минатата година. Продолжуваме да ги реализираме нашите успешни политики за обезбедување на квалитетни услови во авиосообраќајот, за нови дестинации за граѓаните и зголемен број туристи во нашата земја“, изјави Бочварски.