Денес обилни врнежи од дожд

by fokus

Времето во Македонија денеска ќе биде облачно со обилни врнежи од дожд. Врнежите на некои места во земјава ќе достигнат и до 50 литри на метар квадратен.

Утринските температури на воздухот ќе се движат од 6 до 14 степени, додека дневните температури на воздухот ќе се движат во интервал од 10 до 22 степени.

Дождот ќе продолжи да врне и во текот на наредните денови, а се очекува и невреме.

Поврзани новости