Заев со видео порака му честиташе на Пендаровски: Драг Стево, нека е честито, успеавме!

by fokus

Премиерот Зоран Заев вчера не присуствуваше на инаугурација на претседателот Стево Пендаровски. Тој на новиот претседател мандатот му го честиташе преку видео порака.

-Денеска нашата земја добива претседател – тоа е нашиот Стево Пендаровски, лидер кој ни се приклучува во водството напред, во нашата заедничка иницијатива со која ја правиме Северна Македонија убаво место за живеење.

Драг Стево, нека е честито, успеавме, граѓаните потврдија дека мораме да продолжиме напред, преку заедништво.

Нѐ чека многу заедничка работа за нашиот народ, рече Заев.

Поврзани новости