399
Бидејќи на демонстраните не им беше дозволено својот револт да го изразат пред Собранието, тие преку Триумфалната порта и плоштад Македонија сакаа преку Камениот мост да се упатат кон Владата. Но, на Камениот мост повторно беа запрени од полициски кордони и не им беше дозволено да го продолжат патот.
Сега голем број на незадоволни граѓани се наоѓаат на плоштадот Македонија, а протестот е помасовен од вчера. Поради неочекуваната рута, полицијата како да нема тактика како да ја контролира масата.