Демонстрантите тргнаа кон Влада, ќе ги пречекаат барикади од полицијата

by fokus

Од 18 часот граѓаните масовно почнаа да се собираат пред Специјалното јавно обвинителство. На демонстрантите им се приклучи и лидерот на опозицијата, Зоран Заев, како и целото партиско раководство.

Во овие моменти, демонстрантите се движат кон Владата, а претходно полицијата постави барикади од огради и хермелини уште кај Соборниот храм, што значи дека најверојатно на незадоволните граѓани нема да им биде дозволено ниту да се приближат до Владата.

На денешниот протест, место комбето со звучници, на чело на колоната оди камион со звучници.

sjoo sjooo sjo

Поврзани новости