Собраниската комисијата формирана за оценување на основаноста на Предлогот за покренување постапка за утврдување одговорност на претседателот на Република Македонија денеска изгласа дека предлогот на опозицијата за импичмент на Иванов е неоснован.
Комисијата, во која мнозинство има ВМРО-ДПМНЕ, оваа одлука ја донесе со шест гласа „за“ и четири „против“.
Сепак, предлогот за импичмент на Иванов, кој е поддржан и од ДУИ, ќе биде разгледан на собраниска седница на 13 јуни.