Демонстрантите го пробија кордонот пред Влада, имаше и мал судир

by fokus

Демонстрантите успеаја да го пробијат полицискиот кордон кој беше поставен уште кај Соборниот храм за да им го оневозможи движењето кон Влада. Поставени беа и хермелини и оклопни возила, а граѓаните со кренати раце движејќи се напред, го принудија кордонот да се повлекува.

Како што демонстрантите се движеа накај Влада, така пред нив трчаа полицајците за да стигнат први. Во еден момент дојде и до мал судир меѓу демонстрантите и полицијата во една од уличките кај Соборниот храм.

Сега незадоволните граѓани се пред барконата ограда на Владата.

j jj jjjjj jjjjjjjjjjjj sudirrr

Поврзани новости