362
Од Собранието на Република Македонија, граѓаните го продолжија маршот, одминувајќи ја зградата на Aгенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги и седиштето на ЕУ.
Од таму, демонстрантите протестот го преселија пред седиштето на Државната изборна комисија.
Тука порачаа дека нема да прифатат избори без прочистен Избирачки список, и се додека не се обезбедат сите предуслови за фер и демократски избори.
Граѓаните напомена дека до сега е направена проверка на 70 илјади гласачи, од вкупно 300 000 сомнителни случаи.