425
Студентите со поддршка од граѓани дојдоа на Универзитетот Свети Кирил и Методиј за симболично да покажат дека универзитот е на студентите и дека има своја автономија. Овојпат, полицијата ја испочитува автономијата на Универзитетот и остана надвор од кампусот.
Додека демонстрантите се движеа од СПУКМ, каде што започна протестот, кон УКИМ, ги следеше полиција и одеше заедно со нив. Но, кога стигнаа пред влезот на дворот на УКИМ, полицијата се построи пред оградата и не влезе на кампусот.