Протестот заврши, пленумците повикаа во понеделник пред Ректоратот

by fokus 23:02
23:02

Заврши протестот организаран од Студентскиот пленум, а поддржан и од други граѓани. Од пред канцелариите на СПУКМ, демонстрантите дојдоа на капусот на Универзитетот Свети Кирил и Методиј.

При завршувањето на протестот, пленумците ги повикаа сите граѓани во понеделник во 8 часот наутро да дојдат пред Ректоратот на УКИМ, кој закажа вондреден состанок поради скандалозните избори одржани вчера.

Од Студентскиот пленум бараат ректорот да си поднесе оставка, а УКИМ да не ги признае изборите и веднаш да го осуди насилството врз студентите. Бараат и да ги исклучи студентите што ги лажирале изборите.

Поврзани новости