Демонстрантите го напуштија Јавното обвинителство оти и таму полициски кордон ги спречува да протестираат. денеска е очигледно дека полицијата ја има насекаде во обид да спречи секаков граѓански собир. Откако скандираа „Грујо готов си“ и “Убијци одете си“, демонстарантите од Јавното обвинителство се упатуваат кон Собранието.
Толпата насобрани е голема, но полицијата под силна опрема воспоставува ред и контрола и не ја остава да го искаже револтот. Налутените граѓани сепак порачуваат дека протестие нема да престанат колку и да биде полицијата силна. Тие најавуват дека мирно ќе протестираат се додека власта не поднесе оставки и не престане со суровиот начин на владеење.
Јасно е дека граѓаните нема да стигнат до Собранието затоа што и таму кордони полицајци имаат направено блокада.