Протестот се пресели пред Јавното обвинителство

by Фокус 18:24
18:24

Полицајци поставуваат кордони на крстосниците околу парламентот за да спречат собир на граѓани.  Тоа го прават на крстосницата кај Црвен крст каде се пренасочуваат возилата и не се дозволува сообраќај низ улицата пред Собранието.

11212355_10206044060728171_1114819431_n

11255135_10206044056128056_1647228017_n

Истото се случува и на другите околни крстосници. Како што се спречува обидот на граѓаните да се собираат пред Владата, денеска тоа се прави и кај Собранието. Иста е сликата и кај Владата. Со оглед дека е спречено движењето на демонстрантите тие мораа да се упатат кон Јавното обвинителството. Таму сега го изразуваат својот револт и бараат оставка од министерката Јанкуловска.

- Advertisements -

Со познатиот извик „Нема правда нема мир“ насобраните граѓани и попладнево негодуваат со постапките на власта, особено со криење информации за убиството на Мартин Нешковски.

Поврзани новости