494
Пред седиштето на Специјалното јавно обвинителство насобраните демонстранти од Шарената револуција го подготвија платното на кое пишува „Собрание собери се“, а во тек е подготовка и на транспарентите.
Планирано е демонстрантите да одржат собир пред Парламентот каде ќе потсетат дека Државната изборна комисија констатираше дека нема услови за фер избори.
Демонстрантите денеска добија поддршка и од двајца француски туристи кои дошле во Скопје и слушнале за Шарената револуција. Двајцата на улицата пред СЈО на француски напишаа „Слобода, еднаквост и братство“ и „Заедно сме посилни“.