Демонстрантите се разминаа со контапротестанти и стасаа до владата

by Фокус

Неколку илјади демонстранти пристигнаа пред владината зграда на Илинденска, во знак на протест против аболицијата на претседателот Ѓорге Иванов и против нефер и недемократски избори, еднострано спроведени од владејачките ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ.

Откако му дадоа поддршка на Специјалното јавно обвинителство, кое се соочува со низа опструкции од власта, тие се упатија кон Министерството за образование, меѓутоа беа спречени да стасаат до предната страна на објектот од полициски кордон. Па, така, балоните со боја што си спремаа за министерството, на крајот успеаја да ги исфрлат кон владината зграда.

Инаку, на патот кон владата, тие се најдоа во непосредна близина на контрадемонстранти на делот каде булеварот Свети Климент Охридски се спојува со булеварот Партизански одреди. Всушност, дел од контрадемонстрантите беа оставени со автобуси на почетокот на Партизанска, од каде се тргнаа кон собранието, каде се оддржува протест во организација на ГДОМ за оддржување на избори на 5-ти јуни. Сепак, полицијата веднаш застана меѓу двете групи и не дозволи никаков контакт.

pred vlada 1 protest vlada 2 protest vlada 3 protest vlada 4 protest vlada 5

 

Поврзани новости